fbpx

Иванов до Жбогар: Досегашниот пристап на ЕУ кон Македонија е непродуктивен

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Дојран разговараше со евроамбасадорот Самуел Жбогар за европските интеграции на земјата, за состојбите со бегалската и мигрантската криза, како и за актуелните политички случувања во Република Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов на средбата ја посочил потребата од нов пристап на ЕУ кон Македонија, истакнувајќи дека досегашниот пристап на Унијата се покажал како непродуктивен и резултирал со ретроградни политички процеси во земјата, наместо со унапредување на политичката култура и на реформските процеси.

Во однос на бегалската и мигрантската криза, Иванов и Жбогар размениле мислења за најавите за нов бегалски бран и можностите за зголемување на безбедносните ризици и закани од насилен екстремизам. Истакнувајќи ја важноста на стабилноста и на безбедноста на регионот и на Европа, Иванов ја реафирмирал потребата од пристап до базите на податоци на ЕУ за внесување и за споредба на податоци на мигранти и на странски терористички борци, размена на податоци и зголемена соработка меѓу разузнавачките и другите безбедносни служби.

„И покрај внатрешната политичка криза, Македонија покажа дека има стабилни институции, проактивен и превентивен пристап во справување со мигрантската криза. Вие не можете да ги заштитите вашите надворешни граници ако прво не ги обезбедите коридорите долж државите кои се надвор од ЕУ. На Македонија ѝ е потребна помош за да ви помогне вам – изјавил Иванов на средбата со евроамбасадорот Жбогар.

Иванов и Жбогар, исто така, размениле мислења и за надворешната политика на Република Македонија во однос на соседните земји и за активната улога на земјата во градењето на регионалната соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...