fbpx

Светската популација достигна 7,4 милијарди луѓе

-

Фондот за популација на ОН денеска објави дека светската популација во 2016 година достигнала 7,4 милијарди луѓе.
Во годишниот извештај, кој денеска е претставен во јорданската престолнина Аман, фокусот е ставен на благосостојбата на 10-годишните девојчиња, како индикатор за успехот или неуспехот во развојот.

Од Фондот наведуваат дека 89 отсто од вкупно 125 милиони девојчиња на возраст од 10 години, колку што сега има во светот, живеат во земји во развој каде се соочуваат со пречки, како, на пример, право на образование, здравствена заштита и безбедност.

Во извештајот се наведува дека половина од жителите на планетата се помлади од 24 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.