fbpx

Најмалку 59 лица се убиени во напад на полициска академија во Пакистан

-

Најмалку 59 лица се убиени, а повеќе од 100 се ранети во екстремистички напад во полициска академија на југозападот на Пакистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Во моментот кога напаѓачите влегле, во академијата имало меѓу 200 и 500 кадети.

На местото на настанот пристигнале и безбедносните сили и полицијата и го обезбедиле местото, но внатре се слушале пукотници.

Терористите влегле од задниот влез и право влегле во спалните на академијата, каде што вообичено престојувале од 200 до 250 полициски кадети.

Американскиот Стејт департмент го осуди овој напад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...