fbpx

Словенија поставува ограда на граничните премини со Хрватска

-

Словенија изминатите два дена почнала со поставување метална ограда на двата најголеми гранични премини со Хрватска, Брегана – Обрежје и Грушковје – Мацељ, јавуваат словенечките медиуми, повикувајќи се на информации од официјални претставници на министерството за внатрешни работи на земјата.

Оградата, според информациите, се поставува како превентивна мерка во случај на нов бран мигранти.

„Ако дојде до нов миграциски бран, граничните премини ќе бидат затворени“, изјавил државниот секретар на словенечкото МВР, Андреј Шпенга, додавајќи дека Словенија ќе стори сè миграцијата да не ја загрози безбедноста на нејзините граѓаните.

Словенија, како што пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, досега има поставено технички бариери за насочување на мигрантите на границата со Хрватска во должина од 183 километри.

Металните огради кои почнале да се поставуваат деновиве ќе се протегаат во должина од 27 километри, а остатокот ќе биде бодликава жица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...