fbpx

Просечната месечна нето-плата во август изнесувала 22.294 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата во август изнесувала 22.294 денари, а бруто-платата – 32.789 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава во однос на истиот месец лани е зголемена за 1,9 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите градежништво (10,1 отсто), административни и помошни услужни дејности (6,6 проценти) и преработувачка индустрија (4,3 проценти).

Во август 2016 година, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...