fbpx
Таг: преработувачка индустрија

таг: преработувачка индустрија

АНАЛИЗА: Увозот на работна сила – меч со две острици

Се намалува бројот на активно и работоспособно население во земјава. Новите податоци покажуваат дека во 2022 во однос на 2021 година, бројот на активно население е намален за скоро 12.000. Не запира трендот на одлив на работна сила, но во најава е и „увоз“ од странство, пишува Порталб.мк. Пазарот на труд се соочува со тектонски промени. За една година активното...

Само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени [инфографик]

Негативни бројки за (не)постоењето на соодветен третман на индустриските отпадни води во земјава. По серијата на еколошки инциденти кои се случија изминативе месеци со испуштање на води од индустријата непречистени во реките и езерата, Државниот завод за статистика во официјалниот извештај за 2020 година посочува дека само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени. Најголем дел...

АНАЛИЗА: Градежништво, туризам, преработувачка индустрија – оцени и очекувања на бизнисмените

Статистиката ги измери и првите „црни“ бројки за дел од економските сектори – во туризмот целосен колапс, во градежништвото драматичен пад на вредноста на објектите кои се планирани да се градат, но и на бројот на одобренија за градба. Бизнисмените пак од преработувачката индустрија се со оцени дека економската состојба се влошува, пишува „Порталб.мк“. Преработувачка индустрија - оцени и очекувања...

Преработувачката индустрија во мај работела со 65,4 отсто од нормалното искористување на капацитетите

Корона кризата предизвика лоши оценки од раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за состојбата во која се наоѓала оваа стопанска гранка во текот на минатиот месец. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија се намалил за три процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13, а во однос на мај 2019 година е намален за 8...

Состојбите во преработувачката индустрија се поволни, но има недостиг на работници

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во октомври 2019, во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември 2019 година, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните...

Индустриското производство во првите осум месеци зголемено за 5,1 проценти

Индустриското производство во првите осум месеци од годината е зголемено за 5,1 проценти во однос на лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст од еден процент, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 проценти, а во...

Недостигот од работна сила го ограничува производството на компаниите

Македонија се соочува со сериозен недостиг од квалификувана работна сила, а најдобар показател за тежината на овој е проблем е најновата анкета на Државниот завод за статистика за тенденциите во преработувачката индустрија. Во неа, менаџерите на компаниите одговориле дека најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството има недостигот од квалификувана работна сила со 23,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со...

Просечната месечна нето-плата во февруари изнесувала 23.158 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари изнесувала 23.158 денари, а бруто-платата 33.994 денари, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето на платата изнесува 3,6 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен (14,5 отсто), преработувачка индустрија (10,7 отсто) и информации и комуникации (10,5...

Отворен конкурсот за поддршка до 3.000 евра за преработувачката индустрија

Министерството за економија денеска отвори конкурс за поддршка на фирми од преработувачката индустрија кои сакаат да создадат нов производ, да изработат студии на пазарот или да развиваат нова марка, како и за енергетска ефикасност или набавка на софтвер. За оваа намена се предвидени 2,5 милиони денари (40.600 евра), а фирмите ќе може да добијат пари во висина од 75 отсто...

Пад на индустриското производство од 5,3 проценти во август во однос на лани

Индустриското производство во периодот јануари - август 2017 година, во однос на истиот период лани, бележи мал пад од 0,01 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во август, тоа намалување изнесува 5,3 проценти во однос на истиот месец лани. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август во однос на истиот месец лани бележи намалување од 6,1 отсто, во...

Индустриското производство до ноември годинава поголемо за 3,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во ноември во однос на истиот месец лани бележи намалување за 4,9 процени, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во првите 11 месеци од годинава, пак, производството е поголемо за 3,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во истиот период, бележи опаѓање од 16,8 проценти, во...

Просечната месечна нето-плата во август изнесувала 22.294 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во август изнесувала 22.294 денари, а бруто-платата - 32.789 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава во однос на истиот месец лани е зголемена за 1,9 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите градежништво (10,1 отсто), административни и помошни услужни дејности (6,6 проценти)...

Цените на индустриските производи повисоки за 3,4 проценти на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,6 отсто на месечно ниво, а се пониски за 3,4 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во август, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 5,4 проценти, а во...

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Состојбата на обезбеденоста на порачки во преработувачката индустрија во јули годинава во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу...

На пазарот на трудот има 6.649 слободни работни места

На пазарот на трудот бројот на слободни работни места изнесува 6.649, објави Државниот завод за статистика. Најголем број слободни работни места има во секторот преработувачка индустрија, каде што се потребни 1.692 работници. Во трговијата на големо и на мало потребни се 1.667 работници, а потоа е секторот градежништво, за кој се потребни 793 работници.

Поволни очекувања за обемот на производство во преработувачката индустрија

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во април годинава, во однос на претходниот месец, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а резервите на готовите производи сe намалени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 25,6 проценти,...

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Очекувањата за обемот на производството во преработувачката индустрија во наредните три месеци се дека тоа ќе се зголеми, а резервите на готовите производи сe зголемени, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март е понеповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е во однос на март 2015 година. Оцената за бројот на вработени е дека...

Се зголемува прометот во индустријата

Прометот во индустријата во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е поголем за 14,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во февруари, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 5 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 15,7 проценти. Според главните индустриски групи, прометот...

Рекордно производство во преработувачката индустрија

Преработувачката индустрија минатата година ја заврши со рекордно високо производство, најголемо во последните 20 години. Ова денеска беше соопштено на координативниот состанок на претставниците од оваа индустрија. - Бројките ќе ги почекаме до март, но од она што беше увидено на терен, ланската година беше многу подобра од 2014 година. Климата беше најдобра во последните пет години, така што земјоделските производи имаа...

Се намалуваат цените на индустриските производи

Продажните цени на индустриските производи се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 2,9 проценти, а се пониски во секторот преработувачка...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...