fbpx

Амбасада на САД: На СЈО мора да му се овозможи да спроведе целосна истрага

-

На специјалната јавна обвинителка мора да ѝ биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии треба да соработуваат, велат за „Мета“ од Амбасадата на Соединитетите Американски Држави во Скопје, во врска со истрагата на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Оттаму посочуваат дека утврдувањето на одговорноста за незконското прислушување е еден од клучните чекори за излез на земјата од политичката криза.

„На СЈО мора да му биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага без одложувања или опструкции, а владините институции и политичките партии треба да соработуваат во овие процеси. Според Договорот од Пржино, утврдувањето на одговорноста за незаконското прислушување и наводите за злоупотреби од власта се клучен чекор за ставање крај на политичката криза и за напредок кон членството во НАТО и во Европската Унија“, се вели во изјавата од американската амбасада.

Претходно и Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги повика сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Специјалното јавно обвинителство вчера влезе во УБК со два судски налози, со кои се бара увид во документацијата и во податоците од системите за следење на комуникации.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека соработката со раководството на УБК оди „многу тешко“.

Тимот обвинители и истражители сè уште се во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Младите во партиските програми за парламентарните избори

Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку,...