fbpx
Таг: незаконско прислушување

таг: незаконско прислушување

Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

За злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за противзаконито дејание, на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. На Мијалков во затворската казна...

Продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, обвинетиот Мијалков се појави на судското рочиште

Во Основниот кривичен суд-Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за незаконското следење на комуникациите од страна на УБК. Обвинетиот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков наводно се опоравил од ковид-19 и денеска се појавил на судското рочиште. Судењето започна со половина час задоцнување поради доцнење во спроведувањето на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана...

Процес „Таргет-Тврдина“- прислушуваните сведоци бараат милиони евра отштета

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување во периодот од 2008 до 2015 година. За нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, избеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски, Тони Јакимовски, како и неколку вработени во...

Министерот Чулев негира дека МВР го прислушкува раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска од Струмица коментираше дека ниту тој, ниту пак до МВР, има доставено пријава за следење или прислушкување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше одговор на прашањето за коментар на тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој во телевизиско гостување рече дека има сериозни докази дека врвот на партијата и нивните семејства...

Рочиштето за жалбите на Грујевски и Бошковски во Атина одложено за 2 март

Врховниот суд во Атина го одложи за 2 март рочиштето на кое треба да се разгледува жалбата на одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Грујевски и Бошковски биле денеска во судот во Атина заедно со нивните адвокати. Советот на судии во Солун на...

Врховен ја укина пресудата против Костовски за шпионажа, а ја потврди за прислушувањето

Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Звонко Костовски беше осуден за шпионажа во случајот „Пуч“ и предметот во овој дел го враќа на повторно судење во првостепениот суд. Истовремено Врховниот суд ја потврдил одлуката на Кривичниот суд за делото неовластено прислушување и тонско снимање, за што Костовски доби една година затвор. Костовски, кој е...

СЈО денеска треба да каже што им одговорила УБК за тајните податоци во „Тврдина 2“

Денеска во 11 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да се одржи ново рочиште за случајот „Тврдина 2“, во кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги товари поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест лица за уништување документацијата поврзана со системите од незаконското прислушување. На денешното рочиште СЈО треба да го извести судот за одговорот што добило од...

Трајанов: Груевски нè убедуваше дека прислушувале странски служби и мрачни сили

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лани, веднаш откако опозицијата почна да ги објавува прислушуваните разговори, односно т.н. „бомби“, ги убедувал коалициските партнери дека прислушувањето го вршеле странски служби, тврди лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој денеска заедно со носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во четвртата изборна единица, Слободан Богоевски,...

Амбасада на САД: На СЈО мора да му се овозможи да спроведе целосна истрага

На специјалната јавна обвинителка мора да ѝ биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии треба да соработуваат, велат за „Мета“ од Амбасадата на Соединитетите Американски Држави во Скопје, во врска со истрагата на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Оттаму посочуваат дека утврдувањето на одговорноста за незконското прислушување...

СДСМ не ѝ ги дава прислушуваните материјали на Јанева сè додека не се обезбедат услови за чување

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) нема да ѝ ги предаде на специјалната обвинителка Катица Јанева матeријалите од незаконското следење на комуникациите сè додека не се обезбедат соодветни услови за нивно чување и максимална заштита, соопшти вечерва на прес-конференција портпаролот на партијата, Петре Шилегов. - Материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување...

Мемети: Институциите немаат волја за спроведување на прописите

Институциите во Македонија немаат волја да ги спроведат прописите и законите, да се справат со предизвиците, да ги решaваат проблемите и тоа е главниот проблем, вели народниот правобранител, Иџет Мемети, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Ние во Република Македонија, во парламентарна демократија формиравме посебно јавно обвинителство, тоа доволно говори на кое ниво сме. Тоа доволно говори колкава е...

Јанева прво се фати за изборните манипулации и за корупцијата

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти кои предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување први ги побарала од обвинителствата што досега постапуваа по нив. Извештајот на специјалното обвинителство за медиумите за побараните предмети, иако е напишан со стручна терминологија и со осомничени, на кои им се наведени само иницијали, сепак, според кривичните дела за кои се товарат, јасно наведува...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...