fbpx

Савески: Левица ќе оди на избори сама оти сите од опозицијата нè игнорираа

-

Партијата Левица на централен комитет донела одлука самостојно да настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември откако нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица.

– На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме одлука самостојно да настапуваме на изборите. Оваа одлука ја донесовме по игнорирањето на нашата иницијатива од опозициските партии за обединет настап на изборите на сите антирежимски партии, преку непартиски граѓански листи на кои ќе бидат кандидирани истакнати борци против режимот кои не се членови на партии – вели Савески.

Тој вели дека е особено загрижувачко тоа што речиси ни една опозициска политичка партија воопшто не дала одговор на нивната понудена иницијатива, а за одговор ги удостоиле само од Либерална партија и од ПЕИ, за кои иницијативата не била прифатлива.

– На изборите очекуваме конечно, по подолго време, граѓаните да имаат шанса да го тргнат режимот од власт и оваа шанса мора да се искористи. Сакаме да им дадеме опција на граѓаните кои се незадоволни од досегашните понудени политички опции, кои водат политика на штета на граѓаните, а во корист на елитите. Левица ќе им понуди опција за гласање која ќе работи во корист на граѓаните – додава Савески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...