fbpx

Огромен процент од Грците се незадоволни од политиката на СИРИЗА

-

Големо незадоволство на мнозинството граѓани во Грција од политиката на Алексис Ципрас и на СИРИЗА покажува неделната анкета за весникот „Авги“. Левичарскиот весник, кој со години важи за гласило на СИРИЗА, изненади со анкета, според која, 85 отсто од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешен правец.

Од испитаниците 90 отсто се изјасниле како незадоволни од работата на владата. Граѓаните се незадоволни и од опозицијата. Дури 80 отсто од испитаните изјавиле дека се незадоволни како функционираат и опозициските сили, а 45 отсто од граѓаните сметаат дека ниту СИРИЗА ниту Нова демократија не се добро решение за водење на државата.

Сепак, ако мора да избираат меѓу двете опции, 36 отсто изјавиле дека Нова демократија е подобро решение за Грција, додека само 14 отсто ја поддржале владата на СИРИЗА и на Нова демократија.

Кирјакос Мицотакис изгледа попопуларен како опција за премиер со поддршка од 42 отсто од испитаниците, а Ципрас го поддржуваат 23 отсто од граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...