fbpx

Во Турција затворени уште 12 телевизиски станици

-

Турските власти наредија затворање на уште 12 телевизиски станици поради наводни врски со терористички организации и со групи кои претставуваат закана по националната безбедност.

Турските медиуми пренесуваат дека со оваа постапка се зголемила загриженоста на критичката јавност дека владата ги користи овластувањата од вонредната ситуација, која беше воведена заради пропаднатиот пуч, за да ги придобие опозициските гласови.

Турција прогласи вонредна состојба по неуспешниот пуч на 15 јули, по што следуваше апсење на повеќе илјади лица поради наводна поврзаност со муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој се обвинува за организирање на пучот.

Десетина новинарски куќи кои се осомничени за поврзаност со Ѓулен веќе се затворени, а повеќе десетици новинари и соработници се уапсени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В четврток дебата за македонскиот роман на Филолошки факултет

Во четврток, 16 мај, со почеток во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (големиот амфитеатар, А3), ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите...