fbpx

ЕУ стравува од напади со хемиско оружје

-

Координаторот за борба против тероризам на Европска Унија, Жил де Кершов, денеска изјави дека стравува дека странските борци би можеле да извршат напади во Европа, користејќи хемиско оружје и техники од Сирија и од Ирак.

– Се надевам дека никој нема да се врати од Сирија со знаење како да искористи хемиско оружје или автмобил-бомби. Научиле да ги користат во Сирија и во Ирак – рече Кершов.

На конференцијата за екстремизам во Мадрид, тој рече дека Исламска држава се соочува со пораз на домашен терен и оти постои опасност повеќе стотини екстремисти да се вратат во Европа.

– Некои ќе се вратат дома, некои ќе се приклучат на други упоришта на ИД, како, на пример, Либија, но постојат и други места на кои можат да се кријат – рече координаторот на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...