fbpx

Тетовските гимназијалци продолжуваат со бојкотот на наставата

-

Бојкотот на наставата на учениците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово продолжува. Советот на родители на денешниот состанок го одби предлогот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, учениците да се вратат на настава во Работничкиот универзитет во градот, сè додека не се најде трајно решение за просторниот проблем на гимназијалците.

Од советот не се откажуваат од барањето децата да учат во три смени во централниот објект на тетовската гимназија. Ваквото барање, кое е спротивно на законските нормативи според градоначалничката Арифи, ќе биде испратено на разгледување во Владата.

Арифи додаде дека во меѓувреме се бара трајно решение за просторниот проблем на тетовските гимназијалци, кои следат настава на македонски јазик.

– Општина Тетово имаше доставен проект за изградба на нови простории за гимназијалците Македонци. Се работеше за градба во рамките на постојната гимназија. Но, овој проект беше одбиен од Министерството за образование. Сега побаравме овој проект повторно да се разгледа во Владата и конечно да се почне со изградба на објектот – изјави градоначалничката Арифи .

Учениците Македонци од тетовската гимназија сè уште не ја почнаа новата учебна година, револтирани зашто подолг период следат настава во несоодветни услови, во зградата на Работничкот универзитет и во основното училиште „Гоце Делчев“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...