понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: објект | 22 резултати

Новата Градска куќа продадена на ЕВН-Македонија за 12,7 милиони евра

ноември 5, 2019

Град Скопје соопшти дека на вчера одржаната електронска аукција за продажба на зградата под Кале, која беше планирана за нова Градска куќа, нов сопственик на објектот што почна да се гради во времето на Коце Трајановски и уште не е завршен, станала компанијата ЕВН Македонија. Таа била единствениот заинтересиран купувач, а била постигната цена од […]

Новиот Клинички центар ќе чини 120 милиони евра и ќе се гради 3,5 години

јануари 24, 2018

Владата до крајот на февруари ќе ја донесе одлуката за тоа, дали ќе гради нов Клинички центар. Од таму, не сакаа да откријат дали Клиничкиот центар ќе се гради на нова локација или новиот објект ќе биде изграден кај веќе постоечките болници. – Рокот за изградба на новиот објект ќе биде 3,5 години и дополнителна 1,5 […]

Експлозија во близина на воен објект на НАТО во Турција

јуни 22, 2017

Послаба експлозија одекна утринава во близина на воен објект на НАТО во провинцијата Измир, во западниот дел на Турција, објавија турските медиуми. Како што се наведува, во експлозијата е оштетен ѕид во близина на воен објект на НАТО, но во инцидентот никој не е повреден. Полицијата ја обезбедила областа и ја истражува причината за несреќата.

Во објект на „Психијатриска болница“ во Демир Хисар избувнал пожар, изгорел еден кат

ноември 19, 2016

Во полициската станица Демир Хисар, полициски службеник пријавил пожар на еден дел од објект, поранешно женско одделение, што е во сопственост на ЈЗУ„Психијатриска болница“, при што целосно изгорел првиот кат и потпокривот од објектот. Материјалната штета и причините за настанување на пожарот на објектот кој бил лоциран на улица Битолска, дополнително ќе се утврдуваат.

Истражителот на СЈО бил приведен, бидејќи фотографирал објект на Мијалков

октомври 22, 2016

Истражителот на Специјалното јавно обвинителство бил приведен во полициската станица Беко бидејќи бил забележан како фотографира објект во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. – Тој бил забележан како фотографира објект, го забележало обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. […]

Учениците Македонци од тетовската гимназија почнаа да учат под ведро небо

септември 26, 2016

По речиси еден месец бојкот, учениците Македонци од тетовската гимназија почнаа да следат настава. Но, наместо на училишните клупи, тие учеа стоечки, на отворено, на градскиот плоштад во Тетово. – Свесни дека бојкотот на наставата најмногу им штети на учениците, а немајќи соодветен простор во кој би ја следеле наставата во нормални и достоинствени услови, […]

Тетовските гимназијалци продолжуваат со бојкотот на наставата

септември 15, 2016

Бојкотот на наставата на учениците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово продолжува. Советот на родители на денешниот состанок го одби предлогот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, учениците да се вратат на настава во Работничкиот универзитет во градот, сè додека не се најде трајно решение за просторниот проблем на гимназијалците. Од советот не се […]

По денешниот бојкот и протестен марш, тетовските гимназијалци од утре на настава

септември 1, 2016

Тетовските гимназијалци од утре ќе почнат со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, откако денеска ја бојкотираа наставата и со протестен марш го изразија револтот од просторниот проблем, со кој се соочуваат повеќе од 15 години. Одлуката да се продолжи со настава во централната гимназија ја соопшти градоначалничката на Тетово, Теута […]

Одбележани 15 години од убиството во „Бриони“ кај селото Челопек

август 26, 2016

Денеска се одбележа петнаесетгодишнината од грозоморното убиство на Боге Илиевски и на Светислав Трпковски од Челопек. Двајцата вработени во мотелот „Бриони“ беа свирепо убиени на денешен ден, додека дежураа на ноќната смена во мотелот. Беа врзани за еден од столбовите на објектот и со експлозив разнесени во воздух. Петнаесетгодишнината се одбележа со помен парастос на […]

Се уредува Куќата на Робевци во Охрид

август 22, 2016

Министерството за култура преку Завод и музеј од Охрид, изврши комплетна санација на фасадата на најпознатиот објект во стилот на старата градска архитектура во Охрид – Куќата на Робевци. Беше променета целата надворешна столарија и беше реконструирана покривната конструкција. Во моментов, работите продолжуваат со уредување на ентериерот на репрезентативниот објект на охридската староградска архитектура. Со проектот, […]

Пуштена во употреба Детската клиника во Козле

декември 13, 2015

Детската клиника во Козле е пуштена во употреба. Клиниката се градеше три години и се простира на 6.500 квадратни метри. Инвестицијата вреди 8 милиони евра, а новата инфраструктура на болницата ќе овозможи повисок стандард на здравствени услуги. Клиниката е изградена на местото на старите бараки, кои беа донација од Шведска, по земјотресот.

МВР го истражува демолирањето на верскиот објект во Крива Паланка

ноември 7, 2015

По протестот против градење џамија во Крива Паланка и „исламизација на градот“, демолирана била приватната куќа наменета за верски обреди, за што СВР Куманово покрена постапка за истражување на случајот. „Околу 18.30 часот, кога во објектот немало никој, од засега непознати сторители, било извршено оштетување на објектот. Полицијата излезе на местото на настанот и по […]

Германски „Костал“ ќе инвестира 50 милиони евра и ќе вработи 1.000 лица

ноември 5, 2015

Германска компанија „Костал“, за производство на електронски компоненти за автомобилска индустрија, ќе отвори фабрика во технолошко-индустриска зона во охридско-струшкиот регион. За почеток, тие ќе преземат и ќе реновираат веќе постоечки објект, во кругот на фабриката ЕМО. Инвестицијата чини 50 милиони евра и ќе се вработат 1.000 луѓе. – Во првата фаза од инвестицијата, „Костал“ ќе […]

Отворен нов објект во училиштето за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“

октомври 15, 2015

На светскиот ден за лица со оштетен вид се отвори новиот училишен објект за учениците со оштетен вид од државаното училиште „Димитар Влахов“. Објектот е изграден и уреден со донација од европската команда на американската војска, реализирана преку Амбасадата на САД во Скопје. – Новиот објект е со површина од 463 квадратни метри и е донација […]

Поставен камен-темелник на нова зграда на државното станбено претпријатие

септември 7, 2015

Камен-темелник за нова административна зграда на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор е поставен денеска, во непосредна близина на Министерството за надворешни работи. Вкупната инвестиција во објектот, што ќе се протега на градежна парцела од 1.547 квадратни метри, изнесува 520 милиони денари. Ќе се гради објект на шест ката, со […]

Просторниот проблем на учениците од тетовската гимназија не е решен

септември 2, 2015

Советот на родители на учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, кои следат настава на македонски јазик, реагираа што нивните деца и оваа учебна година мораат да ја поминат во објекти, каде нема соодветни услови за настава. Учениците учат во зградите на Основното училиште „Гоце Делчев“ и на Работничкиот универзитет. – Во овие два објекти […]

Холандски весник со остра критика за фасадата на македонската Влада

јануари 7, 2015

За да ја видите Белата куќа, не мора да одите преку oкеанот, доволно е да отпатувате во Скопје, главниот град на Македонија, пишува холандскиот весник „Де фолкскрант“ во своето издание од 2 јануари годинава, објави „Нова ТВ“. Весникот констатира дека посетителите на Скопје не знаат дека изгледот на зградата е лажен и оти зад фасадата […]

Пожар во зградата на Владата

ноември 10, 2014

Утрово пожар ја зафати зградата на Владатa. Пожарот избувнал во подрумските простории на објектот. Граѓаните кои поминувале покрај него, велат дека прво се видел бел дим, а потоа и пламени јазици. На терен се шест противпожарни возила, а вработените се евакуирани.

Страна 1 од 1