fbpx

Средба Вељаноски – Вуцис во Стразбур

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти, која се одржува во Стразбур, имал билатерална средба со Николаос Вуцис, претседател на парламентот на Република Грција, информираат од кабинетот на Вељаноски.

Вељаноски истакнал дека Македонија посветено продолжува да ги негува односите со Грција и дека двете земји негуваат исти вредности, имаат иста традиција, иста култура и иста вероисповед, односно имаат многу претпоставки за да бидат најблиски пријатели и соседи. Тој рекол дека евроатланската интеграција на Македонија е приоритет на државата и истакнал дека е добредојдена помошта која Република Грција може да ја даде во таа насока.

Вељаноски повикал и во грчкиот парламент да се воспостави група за соработка со нашиот парламент, додавајќи дека Собранието на РМ е отворено за посета на грчките пратеници. Исто така, Вељаноски го поканил Вуцис да биде негов гостин.

Претседателот Вуцис истакнал дека двете земји треба да го земат примерот на помирување на Франција и на Германија, кој покажал дека со соработка и со искрени намери може да се надминат сите пречки за успешна заедничка иднина меѓу државите за доброто на нивните граѓани.

Во однос на спорот кој долги години е пречка во односите помеѓу Република Македонија и Република Грција, Вуцис истакнал дека тој треба да се реши на меѓународно ниво, со помош на меѓународното посредништвото кое веќе е воспоставено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...