fbpx

Скопските земјотреси го наполнија Охрид

-

Многумина повозрасни скопјани, главно пензионери и пензионерки, дојдоа во Охрид за да ги избегнат стресовите од серијата земјотреси, на сè уште несмиреното скопско епицентрално подрачје.

Се работи, главно, за сопственици на викендички и на викенд-станови, кои по летниот одмор заминуваат со крајот на летната сезона и на почетокот од училишната година.

Овој септември тие се вратија во Охрид, а тоа може да се забележи по шеталиштата, кафулињата, викенд-населбите и во надезерското село Велестово.

Во прилог им оди и убавото време со речиси летна дневна температура, како и сè уште топлата езерска вода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.