fbpx

Еден загинат при несреќа на најголемиот крстосувач на светот

-

Едно лице загинало, а четири се потешко повредени кога чамец за спасување се откачил и паднал во вода од најголемиот брод за крстосување во светот „Хармони оф сеас“.

Трагедијата се случила додека бродот бил во пристаништето во Марсеј, Франција.

Портпаролот на противпожарната служба потврди дека едно лице е загинато, а четири се повредени, од кои две се во критична состојба.

Помошникот градоначалник на Марсеј, Жилијен Ријас, изјави дека чамецот паднал за време не безбедносните вежби. Тој додаде дека чамецот паднал во вода од висина од десет метри додека во него се наоѓале пет лица, сите членови на екипажот.

Загинатиот е 42-годишен Филипинец, а националноста на повредените лица сè уште не е позната.

Луксузниот крстосувач кој е долг 362 метри, широк 66 метри и висок 72 метри, е сопственост на компанијата за крстосување „Ројал Карибијан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Салата во Берлинската филхармонија таа вечер беше исполнета речиси до последното место. Беа присутни луѓе од сите генерации, средовечни, млади, тинејџери, беа во групи, во двојки или сами, но...