fbpx

СЈО од денеска ќе работи во новите простории

-

Специјалното јавно обвинителство од денеска и официјално ќе ги продолжи истрагите за случаите поврзани со незаконското прислушување во новите простории на улицата Франклин Рузвелт.

Утрово пред новата зграда на СЈО забележително е засилено полициско обезбедување, што не беше карактеристично за канцелариите на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

Во фоајето на објектот забележлива е фрекфенција на луѓе вработени во СЈО, а пред зградата стои паркиран полициски џип „лендровер дифендер“ и неколку полициски службеници.

Полицијата засега дозволува фотографирање само од другата страна на улицата.

Нема информации дали денеска во новите простории ќе дојдат лица повикани од СЈО во врска со случаите што ги води ова обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...