fbpx

НАТО-форум за безбедност во Охрид

-

Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“.

Форумот се одржува четврта година по ред, во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Германија и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.

На форумот ќе говорат истакнати професори, аналитичари и експерти, меѓу кои проф. д-р Џим Шерока од САД, поранешниот пратеник во Европскиот парламент, Ханс Свобода, како и Горазд Бартол, шеф на мисијата на НАТО во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...