fbpx

Позитивни оценки во Грција за посетата на Коѕиас

-

Средба во добра клима и позитивен чекор напред за градење доверба и за подобрување на билатералните односи. Ова се оценките во Грција за вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во Скопје и за неговите средби со македонскиот колега Никола Попоски, македонските амбасадори и конзули, како и со премиерот Емил Димитриев и со претседателот Ѓорге Иванов.

Сепак, посетата на Коѕиас не е централна тема со која се занимаваат грчките медиуми, кои, главно, ги пренесуваат изјавите на шефовите на грчката и на македонската дипломатија. „Поблиска соработка договорија Коѕиас и Попоски“, „Чекори за приближување, но ни збор за името“, „Коѕиас: Прво урнете го иредентизмот, па потоа ќе влезете во ЕУ“ се дел од насловите во грчките медиуми.

Проценките на грчките аналитичари што го следат спорот за името се дека позитивно и охрабрувачки е што има почесто вакви средби меѓу македонските и грчките политичари, средби кои покажуваат дека полека се топи мразот во комуникацијата, кој постоеше со години меѓу двете страни. Иако оценките се дека во моментов нема некакво суштинско придвижување во насока на надминување на спорот за името, кој создава пречки за интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, сепак комуникацијата која се развива и на дипломатско ниво и меѓу граѓаните преку мерките за градење доверба, се смета дека долгорочно може да помогне да се надмине недовербата и да се креира плодна почва за прифаќање компромис за потенцијално заеднички прифатливо решение за името.

За аналитичарите е позитивно што и двете страни на средбата не споменуваа црвени линии и внимаваа да нема остри коментари и напаѓања, што, исто така, се проценува како обид да се измени острата атмосфера што постоеше меѓу грчките и македонските влади.

Проценките се дека грчката страна е задоволна од посетата и од зачестената комуникација. Надежите се дека мерките за градење доверба, како воспоставувањето железничка линија меѓу Битола и Лерин, зајакнувањето на енергетската и на културната соработка и на меѓуграничната соработка на полициските служби, ќе создадат простор за напредок на дијалогот меѓу двете земји и на други нивоа. Тоа за што е заинтересирана грчката страна и на кое се става акцент, според информациите во Грција, е поврзувањето на Македонија со Трансјадранскиот гасовод преку посебен крак, со што нашата земја ќе може да се снабдува со азербејџански гас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...