fbpx

Богата програма во чест на свети Климент Охридски

-

Со презентација на изработки од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“, попладнево во 18 часот почнуваат свеченостите по повод 8 декември – Денот на заштитникот на Охрид, Свети Климент Охридски.

Утре, во 19 часот, во Центар за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложба на ликовни творби на учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“, а ќе се одржи и промоција на „Збирка задачи во С++“ – проект изработен од ученичката Исидора Јанева и од професорката Жаклина Лазаревска.

Во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура, ќе почне свечената програма по повод патрониот празник на гимназијата.

За утре е закажан традиционалниот атлетски крос, под мотото „Во здраво тело – здрав дух “, додека петдневните свечености, во чест на патронот на градот, ќе финишираат со свечена академија, во понеделник, во 19.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...