fbpx

Ердоган го обвини Западот дека ги поддржува тероризмот и пучистите

-

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска го обвини Западот дека ги поддржува тероризмот и пучистите, што е негов најостар напад од обидот за воен удар во земјата.

– За жал, Западот го поддржува тероризмот и се става на страната на пучистите. Тие што ги сметаме за пријатели, држат страна на терористите – рече Ердоган во говорот на Економскиот форум во Анкара, реагирајќи на критиките на САД и на европските земји за чистките во Турција што следуваа по неуспешниот државен удар.

Ердоган, исто така, ја осуди одлуката на германските власти да го забранат неговото обраќање пред симпатизерите што се собраа во неделата во Келн, нагласувајќи дека Берлин неодамна дозволил еден припадник на Курдската работничка партија (ПКК) да се обрати преку видеолинк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...