fbpx

Погребан полицаецот убиен во Куманово

-

Со највисоки полициски и државни почести, во присуство на семејството, роднините, пријателите, колегите и на голем број старешини од Министерството за внатрешни работи, денеска попладне беше погребан полицаецот Горан Станишевски.

Станишевски на 30 јули во кумановската населбата Средорек трагично го загуби животот од повреди што ги доби од нож при интервенција за приведување на лице со нарушено психичко здравје, обидувајќи се да помогне на недолжното семејство жртва на семејно насилство.

„Униформираниот полициски службеник Горан Станишевски – Гошо е роден на 20 октомври 1980 година во Куманово. По завршување на средното образование во Куманово, на 29 ноември 2001 година, се вработува во Министерството за одбрана, во елитната единица „Волци“, од каде од 2005 година е преземен за работа во Министерството за внатрешни работи во Полициската станица Гошинце во Регионален центар – Север. Во 2007 година се распоредува во полициската станица за гранична контрола Табановце, од каде во 2009 година со наредба се задолжува да извршува работи и задачи во Посебна мобилна единица во СВР Куманово, а во 2012 година распореден е во Мобилната единица за прекуграничен криминал при Секторот за гранични работи и миграција. Од 25 ноември 2013 година, па до трагичниот ден професионално ги извршуваше работите и работните задачи на работно место полицаец во полициска станица Куманово, a исто така од 2015 година со наредба беше припадник и на посебната единица на полиција (ПЕП)“, стои во соопштението од МВР.

Телеграми со сочувство до семејството Станишевски испратија министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...