Непознат сторител вчера ограбил стан во Скопје, на улицата Борка Талевски, сопственост на 71-годишниот К.Е..
Како што соопшти МВР, крадецот во периодот од 11.15 до 12.45 часот, со подобен клуч ја отворил влезната врата, а по извршеното пребарување на станот одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 420.000 денари и накит.
Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот и на целосно расчистување на случајот.