fbpx

Странски и домашни донатори лани го помогнале развојот на Источна Македонија

-

Со пари од странски донатори, локалната и од централната власт, во Источна Македонија во 2015 година се реализирале околу 500 проекти. Ова е податокот од годишниот извештај на Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР), кој беше презентиран денеска во Штип.

Пред претставници од 11 општини, невладиниот сектор и од бизнис-заедницата, Емил Василев, координатор на проекти, направи споредба со 2008 година кога овој регион бил на претпоследно место по развој, а од пред две години е рангиран на трето место од вкупно осум плански региони.

– Како што можете да видете, на територијата на Источно-планскиот регион се отвараат и нови компании, се гради нова инфраструктура. Дел од проектите ги финансира државата, некои се од странски фондови, а некои се и од приватни инвеститори. Затоа и сметаме дека програмата е успешна – вели Василев.

Во тековната година Источно-планскиот регион веќе работи на проекти поддржани од Бирото за рамномерен регионален развој, УНДП и од Амбасадата на Швајцарија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...