fbpx

Исламска држава најверојатно стои зад нападот во Истанбул

-

Триесет и шест загинати и 147 повредени е последниот биланс од синоќешниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“.

Според првичните анализи, нападот кој беше извршен синоќа околу 22 часот, најверојатно е дело на припадниците на Исламска држава, соопшти турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Тој рече дека досега никој ја нема преземено одговорноста за нападот, но оти сите докази укажуваат дека е дело на ИД. Меѓу загинатите има и странци, но засега не се откриваат повеќе детали.
Како што соопштија турските власти, напаѓачите, кои со такси пристигнале на аеродромот, прво отвориле оган врз патниците и обезбедувањето на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот, а потоа го детонирале експлозивот што го носеле на себе.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика меѓународната заедница во „заедничка борба“ против тероризмот. Западните сојузници на Турција, вклучувајќи ги и САД, најостро го осудија нападот.

Ова е најсмртоносниот напад на Истанбул од почетокот на годинава. Во последните шест месеци градот беше трипати погоден од терористички напади, од кои два беа дело на ИД, а еден на курдска милитантна организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...