fbpx

Преживеани патници за нападот на „Ататурк“: Расфрлани тела на сите страни

-

Преживеани патници кои сведочат за крвавиот напад на аеродромот „Ататурк“ во кој загинаа најмалку 36 лица, а повредени се повеќе од 147, велат дека на сите страни виделе безживотни тела на убиени луѓе.

Пред да се случи експлозијата, еден од напаѓачите почнал да пука додека се приближувал кон терминалот, изјавил еден сведок за „Ројтерс“.

„Пукаше на сè пред себе. Беше облечен во црно. Лицето не му беше маскирано. Бев на 50 метри од него,“ изјавил Пол Рос од Јужна Африка.

Патничката Офтах Мухамед Абдулах за АФП изјавила дека еден од напаѓачите имал на себе шамија и куса јакна под кој го сокрил оружјето.

– Го извади оружјето и почна да пука во луѓето. Одеше како пророк – изјавила таа.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим синоќа ги посетил ранетите во болница, а на роднините на загинатите им изразил сочувство. Тој пристигнал од Анкара само неколку часа по трите синхронизирани експлозии на аеродромот „Ататурк“.

Нападите се припишуваат на Исламската држава или курдските бунтовници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
udemy course download free
download karbonn firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download