fbpx

Обама: Мишел не би ми дозволила повторно да се кандидирам

-

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не би се кандидирал повторно за претседател, дури ни кога тоа би било возможно, затоа што не би му дозволила сопругата Мишел.

Обама ова го изјави во текот на кампањата за економската политика во Индијана, каде ги повика избирачите да ја поддржат Демократската партија.

За време на говорот, еден од поддржувачите на Обама дофрли „Уште четири години“, алудирајќи на популарниот слоган на неговата втора кампања од 2012 година.

– Не можам. Тоа е забрането со Уставот, а уште поважно е дека Мишел тоа ми го забранува – одговори Обама.

Обама рече дека очекува победникот во трката за демократската претседателска номинација да биде познат следната недела, откако Хилари Клинтон и Берни Сандерс ќе ги завршат предизборните трки во Калифорнија и во Њу Џерси.

Не спомнувајќи го говорот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трапм, Обама рече: „Она што ви го говорат републиканците за економијата, нема основа во фактите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...