Крпач извршил самоубиство, покажала предистрагата на Обвинителството

-

Коста Крпач, кој на 27 април годинава беше пронајден мртов во неговиот стан во Капиштец, со прострелна рана во градите, извршил самоубиство, покажала предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје.

Во краткото соопштение од јавното обвинителство се вели дека иако предистражната постапка е тајна, тие ја споделуваат оваа инфромација со јавноста за да ги отстранат шпекулациите околу околностите за смртта на Крпач.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице К.К., е утврдено дека станува збор за самоубиство. И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје за утврденото ја известува јавноста заради отстранување на шпекулациите. Постапката по предметот во Обвинителството и понатаму тече за утврдување на причините и на околностите под кои настапила смртта на лицето К.К.“, стои во соопштението од јавното обвинителство.

Коста Крпач беше едно од 56-те лица помилувани од претседателот Ѓорге Иванов.

Како што соопшти Специјалното јавно обвинителство, еден ден по настанот, тој бил сведок во една од предистражните постапки што ги водело СЈО, но не и осомничен.

Поради ова СЈО јавно побара од претседалот Иванов да каже како Крпач се нашол на неговиот список на аболирани лица.

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

„Спејс Екс“ на Илон Маск и уште двајца партнери се појавија како водечки кандидати за освојување на клучен дел од ракетниот одбранбен штит „Златна Купола“ на претседателот Доналд Трамп, изјавија шест...

Се пошумува Буковиќ, еден од најзначајните коридори на  балканскиот рис

Македонското еколошко друштво, во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ започна со пошумување на пределот Буковиќ, важен природен екосистем и клучен био коридор за балканскиот рис. Ќе се засадат 21.000 садници од...

ИРЛ: Во Крива Река завршил осиромашен олово – цинков концентрат од Тораница

Хаваријата во рудникот Тораница, на 14 март годинава, кога во Крива Река се излева сива маса налик бетон настанала затоа што над цевката што пукнала во кругот на рудникот, се чувал...

Зависни од екраните: Мобилните телефони го редефинираат растењето и учењето кај младите

Сцената е сè почеста – ученик седи во клупата, главата наведната, погледот фиксиран во екранот, прстот нервозно скрола. Наставникот зборува, но зборовите не допираат. Вниманието одамна се префрлило на „ТикТок“, на...

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

„Спејс Екс“ на Илон Маск и уште двајца партнери се појавија како водечки кандидати за освојување на клучен дел од ракетниот одбранбен штит „Златна Купола“ на претседателот Доналд Трамп,...