четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: предистражна постапка | 23 резултати

ВМРО-ДПМНЕ им се закани на Јеремиќ и на медиумите што ја пренеле изјавата за Мијалков

7 декември 2017

Објавувањето дека е отворена предистражна постапка по допрен глас за интервјуто на Вук Јеремиќ е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е еднаква за сите, туку партиско-политички прогон нарачан од Заев и од неговата хунта, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство […]

Обвинителството отвори истрага за случајот со „Јадран филм“ и серијата „Македонија“

15 ноември 2017

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека отворило предистражна постапка во врска со договорот меѓу Агенцијата за филм и продуцентската куќа „Јадран филм“ за снимањето на серијата „Македонија“. Од Обвинителството велат дека предистражната постапка е отворена по известување од Управата за финансиска полиција. „Надлежниот јавен обвинител ги презема сите […]

Јанева: Затоа што снимал, Панчевски треба да биде предмет на психијатриска опсервација

9 октомври 2017

Апсолутно не е одземен клуч од домот на Панчевски, а тоа што тој снимал нешто во својот стан, тоа веќе треба да биде предмет на друга психијатриска опсервација, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. – Многупати во такви ситуации кога нè напаѓале, сме мислеле дека е поважно да ја вршиме нашата работа и да […]

Љупчо Палевски беше на распит во СЈО, изјави дека станува збор за предистражна постапка

16 август 2017

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка. Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство. Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека […]

Шест години по убиството на Нешковски, обидот за прикривање уште актуелен

6 јуни 2017

Денеска е шестгодишнината од протестите против полициската бруталност што избувнаа по убиството на Мартин Нешковски вечерта на 5 јуни 2011 година, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство на почетокот на минатата година го презеде во своја надлежност случајот за убиството на Нешковски, кој, како што информираат оттаму, сè уште е […]

СЈО подготвено да го работи и „Сопот“, има сознанија за сторителите

22 мај 2017

Службени лица на МВР што постапувале во истрагата за случајот „Сопот“ примениле тортура врз сведокот Рамадан Бајрами, утврдило Специјалното јавно обвинителство истражувајќи ги наводите од јавно објавениот разговор и сепак води предистражна постапка за овој случај од пред 14 години. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, зборувајќи за овој случај на денешната прес-конференција нагласи дека покрај застареноста […]

ЛДП: Зврлевски потврди дека е последното упориште на режимот на Груевски

21 февруари 2017

Првиот човек на Јавното обвинителство на Македонија, Марко Зврлевски, уште еднаш потврди дека е последното упориште на режимот на Никола Груевски, велат од Либерално-демократската партија, во врска со вчерашното соопштение на Јавното обвинителство дека е отворена истрага против поранешни високи функционери на МВР и други правни и физички лица од Скопје, Куманово и од Струмица, […]

Зврлевски отвори истрага против високи функционери на МВР за изборни измами

20 февруари 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражни постапки против поранешни високи функционери на Министерството за внатрешни работи и „други физички и правни лица“ (фирми) од Скопје, Куманово и од Струмица, кои се товарат за кривични дела против изборите. Лицата, чиј идентитет не се открива, се сомничат за злоупотреба на службените овластувања, […]

ОЈО води постапка против организирана група за трговија со дрога

18 февруари 2017

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција за откривање на организирана група што извршува нелегална трговија со дрога при што приведени се три лица. „Работејќи на континуирано откривање и гонење […]

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да работи законски, а не да се заканува на чесни граѓани

9 февруари 2017

Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, a заканите од страна на Специјалното јавно обвинителство упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт, се вели во реакцијата […]

СЈО за протестите во Охрид: Секое влијание врз сведоци е кривично дело

9 февруари 2017

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека е повредена тајноста на предистражната постапка во рамките на која повеќе лица во Охрид се повикани да дадат исказ како сведоци. Денеска, по вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, членови и симпатизери на партијата излегоа на протест против истрагата на СЈО. Од СЈО велат дека секој вид […]

Жерновски денеска во СЈО за „Скопје 2014“

26 јули 2016

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во 11 часот треба да се појави во Специјалното јавно обвинителство, каде е повикан да даде исказ во врска со проектот „Скопје 2014“ и со деталниот урбанистички план Мал Ринг. – Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект „Скопје 2014“ – се […]

Истрагата за случајот на Крпач по три месеци од „интензивна“ премина во „активна“

11 јули 2016

Скопското обвинителство по речиси три месеци сè уште „активно постапува“, односно води предистражна постапка за случајот на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во Капиштец со прострелна рана во градите. Обвинителството на 2 јуни соопшти дека досегашната истрага покажала дека Крпач се самоубил, но дека постапката по предметот продолжува […]

Крпач извршил самоубиство, покажала предистрагата на Обвинителството

2 јуни 2016

Коста Крпач, кој на 27 април годинава беше пронајден мртов во неговиот стан во Капиштец, со прострелна рана во градите, извршил самоубиство, покажала предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје. Во краткото соопштение од јавното обвинителство се вели дека иако предистражната постапка е тајна, тие ја споделуваат оваа инфромација со јавноста за да ги отстранат […]

СЈО: Доставивме податоци што можат да помогнат во истрагата за смртта на Крпач

5 мај 2016

Специјалното јавно обвинителство го прифатило барањето на Основното јавно обвинителство за меѓуинституционална соработка во враска со испитувањето на околностите за смртта на Коста Крпач и доставило податоци што можат да помогнат за расчистување на случајот, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Од СЈО додаваат дека иако им биле побарани, до ОЈО Скопје не […]

СЈО отвори предистражна постапка за снимките со функционери на ДУИ

1 април 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека повело предистражна постапка за снимките од приватните разговори на високи функционери на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои беа објавени на социјалните мрежи, соопшти денеска СЈО. Оттаму најостро го осудуваат објавувањето на материјалите на социјалните мрежи, со кои, како што велат, се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на […]

Али Ахмети повикан на разговор во СЈО како сведок

1 март 2016

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Оттаму велат дека Ахмети е повикан на разговор во својство на сведок, но во интерес на предистражната постапка, не откриваат за кој случај точно станува збор. – Лицето […]

Јанева напредува во истрагата и покрај отежнатата соработка со субјектите

25 декември 2015

Соработката со субјектите до кои се обраќа Специјалното обвинителство е отежната, но и покрај ваквата состојба предистражната постапка по предметите за кои е воспоставена надлженост е во тек и има извесен напредок, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Во изминатиот период, особен интерес беше изразен за нашето постапување по однос на бараните […]

Обвинителство: Во тек е предистражна постапка за случајот со фалсификувани лични карти

9 декември 2015

Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и води предистражна постапка за случајот со фалсификувани лични карти, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека досега била прибавена писмена документација и податоци и додаваат дека во моментот не можат да соопштат повеќе детали бидејќи според Законот за кривична постапка, сите дејства во предистражната постапка се сметаат за […]

Страна 1 од 1