fbpx

СЈО отвори предистражна постапка за снимките со функционери на ДУИ

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека повело предистражна постапка за снимките од приватните разговори на високи функционери на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои беа објавени на социјалните мрежи, соопшти денеска СЈО.

Оттаму најостро го осудуваат објавувањето на материјалите на социјалните мрежи, со кои, како што велат, се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица.

ОД СЈО потсетуваат дека станува збор за кривично дело, за кое е предвидена затворска казна од една до пет години и апелираат до сите лица засегнати со објавувањето на материјалите од приватните разговори тоа да го пријават во најкус можен рок за може специјалното обвинителство да ги истражи наводите, во рамките на своите надлежности.

„Воедно, ги повикуваме и сите субјекти кои поседуваат незаконско прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица истите да ги достават во најкраток можен рок до ова Јавно обвинителство“, стои во соопштението на СЈО.

Оттаму го повикуваат Собранието да ги имплементирани препораките наведени во мислењето на Венецијанската комисија во врска со Законот за заштита на приватноста.

„Го потсетуваме Собранието дека во функција на остварување соодветна рамнотежа помеѓу приватните интереси и интересот за информирање на јавноста препораките укажуваат дека е потребно да се дозволи објавување на материјали кои се од јавен интерес, со некои потесно дефинирани исклучоци поврзани со јавното објавување на информации за интимни аспекти од приватниот и семејниот живот, како и укажувањето за потребата од прецизно дефинирање на обврската за предавање на материјалите на Специјалното јавно обвинителство која не треба да го исклучи објавувањето на такви материјали кои се однесуваат на работи од јавен интерес“, стои во соопштението.

Од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева информираат дека денеска до Собранието поднеле иницијатива за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци. Со иницијатувата се бара СЈО да добие надлежност во постапката за заштита на сведоци, со што, како што стои во соопштението, ќе се елиминира „можноста за поставување на бројни пречки во работата на ова Јавно обвинителство“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....