fbpx

Грција врати уште 51 мигрант назад во Турција

-

Грција денеска вратила 51 мигрант, меѓу кои и пет деца, назад во Турција, согласно договорот меѓу Европската Унија и Турција за спречување на приливот на бегалци преку Егејското море.

Полицијата, како што пренесуваат медиумите, соопштила дека 23 лица се вратени во турското пристаниште Дикли, а уште 28 мигранти се вратени во пристаништето Гулук.

Според информациите, мигрантите кои биле вратени во Турција се со потекло од Бангладеш, Пакистан, Ирак, Авганистан, Алжир, Иран, Непал и Мароко.

Со денешните враќања, вкупниот број на мигранти кои досега се одведени назад во Турција изнесува 441 лице.

Повеќе од 54.000 лица во моментов се заглавени во Грција, откако европските земји ги затворија своите граници за бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...