fbpx

„Шарената револуција“ и ГДОМ и вечерва протестираа во Тетово

-

„Шарената револуција“ и вечерва го искажа незадоволството од одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов пред Основниот суд во Тетово. Оттаму демонстрантите порачаа дека ќе протестираат сè додека не замине оваа, како што ја нарекоа, ненародна власт.

– Во Македонија, една мала секташка група успеа да украде голема сума пари, притоа ветувајќи им на своите сограѓани дека ќе им ги симне ѕвездите од небото, а всушност им ги згасна. Сега небото е црно. Луѓето се без егзистенција. Затоа се појави „Шарената револуција“, на која боите ѝ се како виножитото што носи голема надеж – изјави учесник на протестот.

Наспроти „Шарената револуција“, поддржувачите на ГДОМ протестниот марш го почнаа од улицата Борис Кидрич, од каде се упатија кон седиштето на СДСМ.

– Ние, како граѓани, сакаме да си ја зачуваме својата татковина. Македонија треба да остане една целина, Македонците да не се делат, тие да бидат единствени. Не треба да уништуваме, туку да создаваме. Тоа е целта на овој собир – изјави учесник на протестот на ГДОМ.

31dbe601-2360-4354-857c-6a4b6af05744

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...