fbpx

„Шарената револуција“ побара оставка од Иванов поради „фикус-аболицијата“

-

Тема на денешните протести на „Шарената револуција“ беше аболицијата и граѓаните протестот од Специјалното јавно обвинителство го продолжија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов. Вечерва демонстрантите порачаа дека не ја признаваат „фикус-аболицијата“.

Тие беа пресретнати од кордон полицајци на крстосницата на улиците Ацо Караманов и Партение Зографски. Таму демонстрантите го открија, како што рекоа, „споменикот на Хорхе од Паљурци“, по што фрлаа со боја по ликот на претседателот.

Во знак на негодување поради одлуката на претседателот за аболиција, демонстрант со маската на Анонимуси запали и неколку фотографии од Иванов.

Пред граѓаните, кои бараа оставка од претседателот, беа пуштани и „бомбите“ што мината година ги објави опозицискиот СДСМ, а во кои, според тогашното појаснување на лидерот на партијата, Зоран Заев, се зборува за договарање провизии и за добивање тендери.

Пуштена беше и аудиоснимката од разговорот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, и од разговорот меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во кој тој вели „Ние сме лудаци, немаме за леб, а трошиме за чоколадо“.

Пред насобраните граѓани се обрати аналитичарот Рамадан Рамадани, кој порача дека граѓаните не го признаваат Иванов за претседател бидејќи е нелегитимно избран. Тој побара негова оставка и порача дека нема да се престане со барањето за повлекување на одлуката за аболиција и дека граѓаните ќе продолжат да протестираат сè додека не се оствари оваа цел.

Денешниот протест доби поддршка и од други градови во земјава, а граѓаните на Куманово потсетија на минатогодишниот настан во Диво Насеље, во кој загинаа осум припадници на полицијата. Тие порачаа дека сценаристите и режисерите на тој настан треба да одговараат за велепредавство на народот, а не да делат награди за успешно завршена работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...