fbpx

Јанева: За украдените пари нема помилување

-

Никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, тој подлежи на конфискација и за него не важи никаква аболиција или помилување, посочи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната прес-конференција во обвинителството.

– Би сакала да го цитирам член 97, став 3 од Кривичниот законик кој вели: „Одлука за конфискација судот ќе донесе во постапка определена со закон и кога од фактички и од правни пречки не е можно водење на кривична постапка спрема сторителот на делото“. Ова значи дека и во случај на аболиција на сторители на кривични дела и постоење на правна пречка за водење на кривичната постапка, законска обврска на ова јавно обвинителство е да се обезбедат докази за прибавената корист, која во согласност со законот мора да биде конфискувана. Сакам да истакнам и дека Република Македонија ги има ратификувано најзначните меѓународни инструменти за сузбивање на транснационалниот организиран криминал, во кои се пропишани обврски за примена на мерката конфискација во однос на сите приноси остварени со кривични дела – рече Јанева.

Специјалната обвинителка истакна дека СЈО води повеќе финансиски истраги за незаконски стекнат имот, кои ќе продолжат и понатаму, а чија цел е „незаконски стекнатата имотна корист да се врати во буџетот на Република Македонија, односно на нејзините граѓани.

Во тој контекст, специјалната обвинителка додаде дека ќе има и проширување на истрагата за случајот „Титаник“, бидејќи во сомневањата за изборни манипулации има и наводи за нелегално финансирање на политичка кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...