fbpx

НЛБ Тутунска банка, најдобра банка во Македонија за 2014 година

-

На 27 ноември во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2014 година“ од угледниот финансиски магазин „Бенкер“.

На свечената церемонија, која се одржа по петнаесетти пат, угледниот финансиски магазин „Бенкер“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2014 година, во 149 земји во светот.

Ова е седма награда за најдобра банка во земјата за НЛБ Тутунска банка, oд воспоставувањето на наградите „Бенкер“ за најуспешните во банкарската индустрија во светот.

Оваа година наградата за најдобрите банки се базира на постигнатите финансиски резултати во услови на засилена конкуренција, нови пазарни иницијативи и сè уште неизвесна економска активност во повеќето земји во светот.

НЛБ Тутунска банка во 2013 година оствари добивка од 10,2 милиони евра или 11 проценти поврат на капиталот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...