среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: НЛБ | 18 резултати

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ тврди дека парите ги украл поради долгови

27 октомври 2017

Бобан Смилевски, првообвинетиот за грабежот во НЛБ, во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани, пренесува „Фокус“. – Делото не е од лукративна причина и не е за да се оствари имот за себе или за кој било друг. Бев во […]

Обвинителство бара 10 години затвор за обвинетите за грабежот во НЛБ

27 октомври 2017

Основното јавно обвинителство Скопје, во завршните зборови за милионскиот грабеж во НЛБ, денеска побара од судот на обвинетите да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години затвор. Четворицата обвинети, Бобан Смилевски, неговиот брат Горан Смилевски, Борис Минчевски и Мирослав Каевски, на претходното рочиште ја признаа вината, но не открија каде се парите […]

Четворицата обвинети го признаа грабежот во НЛБ, но не открија каде се парите

19 октомври 2017

Четворицата обвинети за милионскиот грабеж во НЛБ, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 го признале кривичното дело, но не откриле што сториле со украдените пари, соопшти Јавното обвинителство. „Тие се изјаснија за виновни, односно дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејства, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на […]

За милионскиот грабеж во НЛБ, поднесени обвиненија против осум лица

7 јули 2017

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основен суд Скопје 1 поднело обвиненија против осум лица, вработени во НЛБ, за кражбата на околу три милиони евра од трезорот на банката. Со обвиненијата се побарани и мерки за обезбедување присуство, односно за првите тројца обвинети е побарано продолжување на притворот, а за едно лице е определена мерка за […]

Парите од НЛБ отишле во Србија, тројца му помагале на Бобан С. во грабежот

19 април 2017

Единицата за економски и за компјутерски криминал на МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против уште три лица осомничени дека биле вмешани и му помагале на Бобан С. во грабежот на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за братот на Бобан С., […]

Сите контроверзии и отворени прашања по грабежот на векот во НЛБ во Скопје

13 април 2017

По најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија, на повеќе од 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје, соопштенијата за медиумите испратени од МВР и од Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО Скопје) вчера малку помогнаа, но повеќе им одмогнаа на новинарите во обидот да ја информираат јавноста за деталите на овој, по многу […]

Бродњак, првиот човек на групацијата НЛБ: Остануваме во Македонија

12 април 2017

„НЛБ АД Скопје е најдобрата банка во групацијата НЛБ. Ќе останеме на овој пазар оти веруваме во него“, порача денеска во Скопје Блаж Бродњак, првиот човек на групацијата НЛБ. Претседателот на управата на НЛБ д.д. Љубљана, на денешниот настан со кој НЛБ АД Скопје ја одбележа 15-годишнината од првото електронското банкарство во Македонија, им додели признанија […]

Аргир: Не откриваме детали за грабежот во НЛБ во интерес на истрагата

12 април 2017

Не можеме да откриеме детали за грабежот за да не попречуваме во истрагата, рече Антонио Аргир, претседател на управниот одбор на НЛБ АД Скопје, на новинарско прашање за грабежот во кој вработен на банката украл повеќе од 3 милиони евра од трезорот, а парите не се пронајдени. Тој и на почетокот на денешниот настан, со […]

Oграбувачот пет дена ги крадел парите од трезорот на НЛБ

12 април 2017

Б.С., сторителот на најголемиот грабеж на банка во историјата на Македонија, трезорот на НЛБ го празнел од 6 до 10 април годинава, при што украл вкупно 2,4 милиони швајцарски франци и 645.000 евра, а најголемите износи ги изнел од банката завчера, кратко пред случајот да биде пријавен во полиција, соопшти МВР. Полицијата вчера заедно со […]

Украдените 3 милиони евра од НЛБ ги нема, крадецот доби 30 дена притвор

12 април 2017

Б.С. (40), вработениот во НЛБ што завчера попладнето украде околу 3 милиони евра од трезорот на банката, кои ги ставил во кеса и избегал, сè уште не ѝ кажал на полицијата каде се парите. Тој  доби кривична пријава од МВР за кражбата, а одреден му е и 30-дневен притвор. Тој беше уапсен околу 2 часа по […]

Приведено едно лице за кражбата на речиси 3 милиони евра од НЛБ

11 април 2017

Едно лице е приведено во врска со грабежот во НЛБ вчера, на крај на работното време, при што беа украдени речиси три милиони евра од трезорот на банката, соопшти СВР Скопје. Случајот го пријавил директорот на трезорот на банката, вчера во 16.58 часот. Тој кажал дека нивниот вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот […]

„НЛБ – Нов пензиски фонд“ со добивка од 65 милиони eвра

15 мај 2015

„НЛБ – Нов пензиски фонд“ АД Скопје прославува 10 години постоење, a работењето на друштвото во изминатите 10 години беше прилагодено на економските случувања во земјата и пошироко. Добивката од инвестирањето на средствата на задолжителниот пензиски фонд со кој управува „НЛБ – Нов пензиски фонд“ е повеќе од 65 милиони eвра, а добивката од инвестирањето […]

НЛБ Тутунска банка, најдобра банка во Македонија за 2014 година

28 ноември 2014

На 27 ноември во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2014 година“ од угледниот финансиски магазин „Бенкер“. На свечената церемонија, која се одржа по петнаесетти пат, угледниот финансиски магазин „Бенкер“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2014 година, во 149 земји во светот. Ова […]

Нова љубљанска банка со награда од 50.000 евра за поткажување

14 ноември 2014

Нова љубљанска банка (НЛБ) нуди награда од 50.000 евра за вработените кои ќе го пријавуваат неправилното работење на нивните колеги, во службата на банката која популарно се нарекува „внатрешна полиција“. И покрај реакцијата на Синдикатот на вработените во Нова љубљанска банка и мислењето на дел од банкарите дека се работи за неетички пристап, формирањето на […]

Страна 1 од 1