fbpx

Грчките мали и средни претпријатија размислуваат за заминување од Грција

-

Лошата бизнис-клима и високите даноци сè повеќе ги тераат грчките компании да размислуваат за преселба на активностите во странство. Истражувањето на Институтот „Ендевор Грис“ (Endeavor Greece) покажува дека во моментов 9.000 помали грчки компании размислуваат за заминување од државата.

Според истражувањето, најголема причина за тоа е е даночната нестабилност во Грција, слабиот пристап до капитал и високите даноци.

Иако обично претпоставките се дека грчките компании одбираат некоја од државите од Балканот, како Бугарија или Македонија поради пониските даноци, сепак истражувањето покажува дека поголем процент од нив размислуваат за преселба во држави од Западна Европа. Причината е постабилната бизнис-клима и полесниот пристап до капитал и до кредити за развој на бизнисот, но и подобро развиената технологија.

Испитанците покажале голем песимизам дека работите во Грција и грчката бизнис-клима може да се подобрат во блиска иднина. Дури 56 отсто од нив истакнале дека ситуацијата може да се подобри дури по пет години. Осум од 10 испитаници, пак, посочиле дека ако денес би го почнале бизнисот, со сигурност би одбрале да основаат компанија во странство наместо во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...