fbpx

Вељаноски: Собранието ќе се распушти на 7 април

-

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во интервју за телевизијата „Нова“ вели дека Собранието ќе се распушти на 7 април и дека изборите ќе се одржат на 5 јуни.

– На 7 април веќе ќе биде распуштено Собранието, значи на 6 април може да работи до полноќ во согласност со одлуката за измена на одлуката за распуштање на Собранието. Уште два дена се работни, значи уште два дена може Собранието да носи закони, вклучувајќи го и овој избор на министри и заменици министри. Јас очекувам да има нормален тек овие денови, она што е стигнато да се заврши низ собраниската процедура, да се изгласаат закони и, секако, изутрината на 7 април Собранието да биде распуштено и во согласност со моите надлежности јас да распишам избори за 5 јуни – вели Вељаноски.

Претседателот на Собранието рече дека граѓаните гласаат за онаа политичка опција што ќе им понуди напредок, подобра иднина и подобар економски просперитет.

– Граѓаните гласаат за некој за кој што мислат дека ќе направи напредок, подобра иднина и подабар економски просперитет. Не гласаат за казнување на некој како, за жал, во првите години од демократскиот поредок во Македонија. Тогаш се гласаше против, сега се гласа за – рече Вељаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...