fbpx

Беровските комуналци изнудија вонредна седница на општинскиот Совет

-

Вечерва на вонредна седница, советниците од Берово одлучуваат за состојбата во Јавното комунално претпријатие „Услуга“.

Берово се задушува во смет и во отпад откако минатата недела комуналните работници стапија во штрајк. Контејнерите се преполни, а околу нив има мали депонии од насобрани кеси со ѓубре.

Комуналците си ги бараат неисплатените плати за четири месеци. Граѓаните, иако имаат разбирање за проблемот на комуналците, коментираат дека Берово е туристички град и не смее да се дозволи да потоне во смет.

– Тие не се виновни, виновни се надлежните, но имаме туристи кои доаѓаат и срамота е за градот – коментираат беровци.

Вработените во комуналното претпријатие, кои и денеска се собраа пред управната зграда на претпријатието, побараа од граѓаните да ги разберат.

– Ако ни ги прифатат барањата, ние градот ќе го исчистиме за еден ден – изјавија вработените.

Комуналците ги бараат своите заостанати плати, но се пожалија дека немаат опрема за работа, заштитна облека и дека се принудени од свој џеб да плаќаат за здравствените услуги.

Овој протест, градоначалникот на Берово, Драги Наџински, го нарече партиски мотивиран. Тој најави дека со ребаланс на општинскиот буџет ќе обезбеди средства за нивните заостанати плати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...