Природните и катастрофите предизвикани од човекот чинеле 92 милијарди долари во 2015 година, што е помалку во споредба со 2014 кога изнесувале 113 милијарди долари, се наведува во извештајот на швајцарската осигурителна компанија „Свис-Ре“.
Во соопштението се наведува дека, осигураните загуби во светот изнесувале 37 милијарди долари, што е многу под 62 милијарди долари годишен просек во последните 10 години.
Од вкупно 335, 198 биле природни катастрофи, што е најголем број забележан за една година, се наведува во соопштението.