fbpx

(ФОТО) Пратениците од власта одат на „Проверено“

-

На седницата на Собранието наменета за пратенички прашања, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се потсетуваа што сè Владата има напрвено досега. Имено, тие ја читаа новата програма „Проверено“, промовирана и наменета за предвремените парламентарни избори, што се одржаа годинава, по што запишуваа детали на ливчиња.

Инаку, седницата почна со 40-минутно доцнење, а веднаш на почетокот пратениците од владејачката партија се заблагодаруваа на присутните министри за одговорените прашања од минатиот месец.

Во клупата наменета за опозицијата, седеа само Солза Грчева и Љубица Буралиева.

Премиерот Никола Груевски и по еден час од почетокот на закажаната седница не беше пристигнат во салата.

provereno1

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...