fbpx

Уапсен третиот осомничен на нападите во Брисел

-

Третиот осомничен за нападите на бриселскиот аеродром, Најим Лачрау, наводно е уапсен во бриселската општина Андерлехт, јавува белгискиот весник „Дерниере хуре“, повикувајќи се на полициски извори.

Лачрау, кој е роден на 18 мај 1991 година, е жител на белгиската општина Шаербик, која е дел од бриселскиот регион.

Белгиското министерство за здравство соопшти дека во вчерашните напади, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, загинале 31 лицe, а 26 се повредени. Дел од повредените се држат во вештачки предизвикана кома, додека други се на интензивна нега и имаат сериозни повредни.
Според податоците на белгиските служби, во нападите во Брисел се убиени и повредени лица од 40 различни држави.

Полицијата синоќа ги идентификуваше бомбашите самоубиjци од бриселскиот аеродром. Станува збор за браќата Ел Баркау, кои од претходно ѝ се познати на полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...