Понеделник е неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празници, 28 март, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.