fbpx

Нема информации за повредени македонски државјани во експлозиите во Брисел

-

Серија експлозии од утринава се случија во Брисел, Белгија, во кои, според последните информации, најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени.

Две експлозии рано утрово имаше на бриселскиот аеродром „Завентем“, а некои медиуми пишуваат за експлозии што се случиле и во неколку метро-станици во Брисел.

Белгиските власти потврдија дека сите метро-станици, целиот јавен транспорт, музеите и зградите на Европската Унија се затворени.

Како што велат за „Мета“ од македонската амбасада во Брисел, низ градот постојано се слушаат сирени на полициски возила и на возила за итна помош.

Во Белгија живее бројна македонска заедница, но од амбасадата велат дека засега немаат информации за повредени или загинати Македонци во експлозиите.

Од амбасадата информираат дека експлозијата на метро-станицата Маалбек се случила на само 200 метри од објектот на македонската амбасада.

Тие имаат информации и за бомба на метро-станицата Шуман, која е во близина на зградата на Европската комисија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...