fbpx

Обвинение против Салaх Абдеслам

-

Белгиското јавно обвинителство денеска официјално го обвини Салех Абдеслам за негова поврзаност со нападите во Париз во ноември минатата година, соопшти неговиот адвокат Свен Мери.

Мери најави дека во оваа фаза од постапката ќе бара Абдеслам да не биде екстрадиран во Франција, иако францускиот претседател, Франсоа Оланд, уште синоќа најави дека Париз ќе бара негова екстрадиција од Белгија.

Адвокатот додаде и дека за време на денешниот распит Абдеслам соработувал со белгиската полиција.

Абдеслам беше упасен вчера за време на акција на белгиската полиција во Брисел.

При акцијата Абдеслам беше ранет во ногата, поради што ноќата ја мина в болница.

Утрово тој беше отпуштен од болницата и беше префрлен на сослушување во полициска станица.

Заедно со Абдеслам вчера беа уапсени уште четири лица, сите членови на семејството во чии стан тој се криел.

Абдеслам е осомничен за давање логистичка поддршка на извршителите на ноемвриските напади во Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...