fbpx

„Катимерини“: Македонската војска ги враќа бегалците низ шуми и планини

-

Во грчките медиуми цел ден се поставува прашањето што се случува со бегалците што вчера преку Сува Река преминаа во Македонија.

Иако македонската полиција извести дека бегалците се вратени назад, во Грција сè уште стои ставот дека немало официјално барање од македонска страна за реадмисија на бегалците и се поставува дилемата како се вратени.

Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на полициски извори на Идомени, пренесува дека македонската војска и полиција ги враќаат бегалците по нелегален пат, односно по истите планински патчиња по кои и преминале во Македонија.

Полициски извор за весникот изјавил дека македонската полиција ги пренесува во камиони и во автомобили до густи шумски предели каде нема ограда и таму ги остава на грчка страна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...