fbpx

Промовирана книгата „Никој не ме праша за име“ посветена на Мајка Тереза

-

Амбасадата на Црна Гора во соработка со невладината „Љубав“ и Спомен-куќата на Мајка Тереза, вчера организираше промоција на книгата посветена на добитничката на Нобелова награда за мир, родена скопјанка, позната како светицата од Калкута, од авторот Весна Мартиновиќ.

Книгата насловена „Никој не ме праша за име“ ја промовираше новинарката Јасмина Миронски, автор на книга и на монографија за Мајка Тереза, која истакна дека книгата со необичен наслов на еден успешен начин преку белетристичко-реалистични елементи и специфична компилација на личните размислувања на авторот и на фактите говори за оваа исклучителна жена.

Мартиновиќ доаѓа од Подгорица и со еден нов необичен и сентиментален пристап зборува за Мајка Тереза, за која и многу се пишувало и многу се зборувало како една од веројатно најлуцидните ликови на минатиот век, една од најенергичните, најпосветените и, секако, најхумана од хуманите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...