fbpx

Крадел по домови – трошел по казина

-

Дваесетгодишниот В.Ш. од струшкото село Делогожда, заработи кривична пријавa поради постоење основи за сомневање дека сторил осум кривични дела, кражба и тешка кражба. Полицијата го товари дека од мај до ноември оваа година, извршил две кражби и шест тешки кражби, при што стекнал противправна имотна корист од околу 500.000 денари.

Пријавениот влегувал во куќите во селото, откако ќе ги забележел сопствениците како заминуваат на работа. Се качувал на терасите и насилно ги отворал балконските врати.

Знаејќи дека во куќите нема никој или дека сопствениците се во странство, пријавениот ги оштетувал решетките од прозорците на приземјето, го кршел стаклото и влегувал, ги пребарувал собите и одземал пари, златен накит и други вредни предмети. Одземениот златен накит го продавал во златарници низ Струга, по што парите ги трошел во казина и за други задоволства и за лични потреби.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...