fbpx

Јункер најави 315 милијарди евра инвестиции за ЕУ

-

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во Европскиот парламент во Стразбур го презентираше новиот „амбициозен“ план од 315 милијарди евра на неговата администрација, за поттикнување на порастот на економијата и на вработеноста во Европска Унија, која со години се соочува со финансиска и со економска криза.

Всушност, само 21 милијарда евра ќе дојдат од јавни европски пари – од европскиот буџет (16 милијарди евра) и од европската инвестициска банка (5 милијарди евра) кои заедно ќе го сочинуваат „Европскиот фонд за стратегиски инвестиции“. Европската комисија очекува овој влог да креира 315 милијарди евра приватни инвестиции и еден милион нови работни места во наредните три години, најави претседателот на ЕК.

Овој комплексен механизам беше дочекан со остри критики од европската конфедерација на синдикати, чија генерална секретарка, Бернадет Сегол, изјави дека Јункер „се надева на финансико чудо како лебовите и рибите“.

– Не верувам дека може да се дојде до 315 милијарди евра со 21 милијарда влог – рече таа, додавајќи дека и тие 315 милијарди евра би биле помалку од полоовина од тоа што е потребно како инвестиција за поттикнување на европската економија.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...